За Ecommerce Awards 2021

Првите Ecommerce Awards во организација на АЕТМ – препознавање на најдобрите во македонската е-трговија

Ecommerce Awards (Награди во е-трговијата) е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија за препознавање на најдобрите во македонската е-трговија, организирана за прв пат во нашата држава!

Изборот за најдобрите во е-трговијата, од една страна ќе ги препознае и награди најдобрите, ќе придонесе за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Најдобрите е-трговци ќе се одбираат од страна на јавноста и од стручна жири комисија во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори.

Првите Ecommerce Awards ќе бидат спроведени во неколку фази. Процесот ќе започне со номинации и собирање апликации од е-трговци, по што ќе следи објава на номинираните компании. Следните фази ќе вклучуваат гласање од јавноста, како и гласање од стручна жири комисија. Последната фаза ќе биде прогласување на победниците проследено со свечен настан кој ќе се одржи во март 2022 година.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за развој и успех на е-трговијата во земјата. Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите засегнати компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово прошиурување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитализација на земјата и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

Ecommerce Awards 2021
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.