Категории

Наградите се многу повеќе од плакети – тие се препознавање на досегашната одлична работа и мотивација за уште подобра работа во иднина. Ecommerce Awards ќе ги препознае и награди најдобрите во македонската е-трговија.

Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 18 категории поделени во 3 секции. Секоја од нив носи своја вредност и тежина затоа што македонската е-трговија ја сочинуваат ислучителни компании, претприемачи и учесници без кои на би била тоа што е. 

Пријавувањето за прави со пополнување на формулар и е бесплатно, а рокот за пријавување е до 12ти јануари 2021

Во продолжение прочитајте повеќе за секциите и категориите. Победниците ќе бидат прогласени во март на свечена церемонија за доделување. 


Правилата за учество на Ecommerce Awards може да ги прочитате ТУКА.

Шампиони во е-трговија

Како што и самото име кажува ова е секцијата која ќе ги препознае шампионите кои неуморно работат и придонесуваат за македонската е-трговија.

Главната наградата на Ecommerce Awards. За оваа категорија може да се пријават е-трговци кои постигнале фантастични резултати на полето на е-трговија. *За да се пријавите за оваа категорија треба да сте е-трговец односно е-продавница која врши малопродажба на производи и/или услуги до крајни корисници/купувачи

Наградата ќе се додели на омилената е-продавница на јавноста. Доделувањето на оваа награда ќе се базира исклучиво на гласовите од јавноста. *За да се пријавите за оваа категорија треба да сте е-трговец односно е-продавница која врши малопродажба на производи и/или услуги до крајни корисници/купувачи

За оваа категорија може да се пријават сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2021 година и кои сметаат дека нивните досегашни успеси треба да бидат препознаени и наградени. *За да се пријавите за оваа категорија треба да сте е-трговец односно е-продавница која врши малопродажба на производи и/или услуги до крајни корисници/купувачи

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање

Признанија за достигнувањата во одделни клучни аспекти во е-трговијата кои придонесуваат за издигнување и кревање на индустријата на повисоко ниво подделени во 6 категории.

Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација

За оваа категорија можат да се пријават е-трговци кои пружаат одлична, брза и ефикасна грижа за нивните корисници

За оваа категорија можат да се пријават е-трговци кои интегрирале нови технологии и решенија во оваа област со цел да се подобри корисничкото искуство и кои се пред другите во доставата на онлајн нарачките

За оваа категорија можат да се пријават е-трговци кои на своите корисници им нудат беспрекорно искуство за плаќање на сметки онлајн

За оваа категорија може да се пријават е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram, комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен

За оваа категорија можат да се номинираат владини решенија во областа на онлајн услугите и онлајн плаќањата кои прават разлика на пазарот за е-трговија

Најдобри е-продавници по сектори

Внимателно ги одбравме 9те сектори во оваа секција согласно понудата на македонскиот пазар. Иако секој учесник на свој начин придонесува за развој на е-трговијата, жири комисијата ќе ги оценува најуспешните кои покажале одлични достигнувања.

Доколку на вашата платформа различни правни субјекти имаат свои продавници кои нудат различни производи за продажба пред крајните купувачи пријавете се за избор за најдобар маркетплејс платформа.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат облека и обувки онлајн.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат патувања, превозни услуги, туристички аранжмани и други туристички услуги.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои се бават со продажба на модни додатоци и аксесоари како очила, накит, чанти како и продавачи на препарати за нега и убавина.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина сл.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.

За оваа категорија може да се пријават е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, продажба на билети и други услуги.